„НАТПРЕВАР ВО РАСКАЖУВАЊЕ“ НА 19 ЈУНИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (19 јуни) од 16 часот, во Амфитеатар 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ќе се одржи „Натпревар во раскажување“, во организација на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“. Овој натпревар настојува да помогне децата да го развиваат јавното говорење и е дел од иницијативата за поттикнување на љубовта кон книгата и читањето.

Бројни научни студии покажаа дека изобилството информации достапни преку интернет, компјутери, мобилни телефони и социјални мрежи негативно влијае врз концентрацијата, фокусот и социјалната интеракција. Ова резултира со пад на читањето книги, особено во печатен формат и предизвика загриженост за вештините на учениците да читаат со разбирање.

Тројцата првопласирани ќе добијат награди од 40.000 денари, како и вредносни ваучери од спонзори.