Македонскиот бенд „Код 369“ го сними дуетот „Конкретно“ со српската пејачка Мила Влаисављевиќ, во издание на „Кроација рекордс“. Автори на песната се Мила Влаисављевиќ (текст) и Даниел Митревски (музиката), а аранжманот е на целиот бенд.
„Код 369“ е составен од членовите на групата „Памперс“, Ирена Димовска-Митревска, Даниел Митревски и Ила Лулевски. Нивната музика е комбинација на алтернативен и комерцијален рок и поп.
„Соработката со Мила Влаисављевиќ започна благодарение на хрватскиот музичар Амир Бахтијаревиќ, кој нè запозна со неа и нè поврза со ‘Кроација рекордс’, заедно со нашиот менаџерски тим од ‘Баги комуникации’. Текстот е модерен и решивме да испееме дует со Мила“, рече пејачката Ирена Димовска-Митревска.