МЛАДИ ТАНЧАРИ ИЗБРАНИ ПРЕКУ АУДИЦИЈА ЌЕ ИГРААТ НА КОНЦЕРТОТ НА ЈОВАН ЈОВАНОВ И ЕЛВИР МЕКИЌ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 6 јуни ќе одржат концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Поп-пејачите велат дека на концертот ќе им дадат шанса на млади танчари да заиграат со нив на сцената.

„На 25 април од 11 часот ќе се одржи аудиција за сите кои имаат талент за играње, а имаат над 17 години. Ќе се игра на две песни, а танчарите избрани преку аудицијата ќе бидат дел од сценското шоу. Најдобрите шест ќе бидат избрани од тричлено жири, меѓу кои и Јован Јованов и следниот месец ќе имаат проби за да настапат на концертот“, велат од тимот на Јованов и Мекиќ.

На крајот на април, тие ќе ги најават и гостите на концертот, а тоа, како што велат, се осум познати музичари.