МУЗИЧАРИ ОД АФРИКА И ЕВРОПА НА 23. ОФФ-ФЕСТ, ГО ОТВОРА БЛУЗЕРОТ ОД НИГЕР, БОМБИНО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Музичари од Африка и Европа ќе настапат на 23. издание на Офф-фест, кој ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и во Кинотеката. Ќе има осум концерти и проекции на два документарни филма.

Учесниците оваа година доаѓаат од Нигер, Јужна Африка, Холандија, Етиопија, Франција, Шпанија, Полска, Македонија и Србија.

Фестивалот го отвора блузерот од Нигер, Бомбино, за кого ќе се прикаже и документарен филм, додека вториот биографски филм на репертоарот е за славната пејачка Сезарија Евора.

На последниот ден ќе настапи и неофолк бендот од Македонија, „Калата“.

(Фото: АП)