Музичкиот фестивал „Сепак се врти“ започна кампања за онлајн донации за да го финансира своето годинашно издание. Организаторот на фестивалот, колективот „Гола планина“, е принуден на ваков модел на финансирање откако, за разлика од лани, не доби поддршка од Министерството за култура и туризам.
Кампањата се спроведува преку македонската платформа eCrowd и е достапна на следниот линк.
Овој патувачки фестивал промовира млада локална авторска музика и се организира во повеќе градови во државата. Оваа година планира да ги посети Охрид, Кичево, Кавадарци и Скопје во текот на четири саботи во мај.
Фестивалот започна со еднодневно издание во Скопје во 2024, а лани се одржа во Битола, Прилеп, Гостивар, Струмица, Куманово и Скопје.
(Фото: „Гола планина“)