„Сони мјузик“ е во преговори за купување на музичкиот каталог на рок групата „Квин“, на кој се хитови како „Боемска рапсодија“.
Според „Блумберг“, „Сони“ преговара со купувач кој потенцијално би можел да плати 1 милијарда долари. Ако каталогот се продаде, тој ќе ги опфати песните на „Квин“ и целата интелектуална сопственост, вклучувајќи ги правата на логоа и музичките спотови. Преговорите за продажбата се водат од минатата година.
Во преговорите е вклучен и „Јуниверзал“ поради долготрајната врска на компанијата со бендот, кој потпиша договор со британската издавачка куќа ЕМИ во 1972 и остана со компанијата откако беше купена од „Јуниверзал“ во 2011.
Ако групата ја постигне цената од 1 милијарда долари, тоа ќе биде најголема зделка од ваков вид, надминувајќи ги 500-те милиони долари што „Сони“ ги плати за да го купи каталогот на Брус Спрингстин кон крајот на 2021.