НА БОНО МУ ОТКАЖА ГЛАСОТ ВО БЕРЛИН, НО ВЕЛИ НЕ Е НИШТО СЕРИОЗНО

Берлин, (Би-Би-Си)

Фронтменот на „Ју-Ту“, Боно Вокс, очекува целосно да му се поврати гласот за остатокот од турнејата, откако групата мораше да го прекине концертот во Берлин.

„Се видов со одличен лекар. Ми олесна што не станува збор за ништо сериозно“, изјави Боно.

Ирскиот бенд отсвире неколку песни, кога Боно ѝ се извини на публиката.

„Мислам дека не можеме да продолжиме“, се обрати тој.

На публиката во арената „Мерцедес-Бенц“ во прв момент ѝ било кажано дека ќе има кратка пауза, за потоа да бидат информирани дека остатокот од концертот се откажува. Боно ветил дека концертот ќе има нов термин.

„Во салата имаше неверојатна атмосфера. Тоа требаше да биде една од оние незаборавни вечери, но не од оваа причина. Едвај чекаме да се вратиме таму на 13 ноември. Сигурен сум дека не е голем, голем проблем“, додаде Боно.