НЕ НИ Е ДО ПЕСНА, ВЕЛАТ СЛАТКАР И ТОНИ ЗЕН, КОИ ГО ОДЛОЖИЈА СВОЈОТ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ ЗА ОКТОМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поради пожарот во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, одложен е заедничкиот концерт на Слаткаристика и Тони Зен, кој требаше да се одржи на 5 април во Скопје, во салата „Борис Трајковски“, објавија раперите. Концертот ќе се одржи во истата сала на 11 октомври, во организација на „Прагма“.

Не ни е до песна, не ни е до сцена, не ни е до светло, не ни е до микрофон. Ова што се случи ја скина душата на целата нација. Нè боли. Нè дави. И не можеме да се правиме дека не е така. Затоа, заедно со ‘Прагма’ решивме концертот да го презакажеме за 11 октомври. Ќе дојде време за музика, за глас, за сила. Ама, сега само молк. И почит“, велат Тони Зен и Слаткаристика. 

Концертот е насловен „Спушти се доле“, според дуетот што го објавија во 2009. Новиот сингл „Еуфорија“, кој излезе во февруари, го снимија како најава за концертот, а претходно излезе уште еден нивни дует, „Жими сè“.