НИК КЕЈВ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ ВО АВГУСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Прославениот австралиски музичар Ник Кејв објави дека првпат доаѓа во Македонија, а концертот ќе се одржи на 22 август во рамките на Скопје колинг. Кејв ќе ја посети Македонија како дел од неговата соло турнеја, без бендот „Бед Сидс“, туку ќе го придружува само басистот на „Редиохед“, Колин Гринвуд.

На репертоарот ќе бидат песни од обемната дискографија на Кејв, која почна да се создава пред повеќе од 40 години.

Шеесет и седумгодишниот Кејв важи за еден од највлијателните и најпродуктивни творци во современата популарна музика. Со својот бенд „Бед Сидс“ има снимено 18 албуми, од кои последниот излезе лани.

(Фото: Фејсбук)