НИТУ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОВИЗИЈА

Базел, (Би-Би-Си)

Израел се квалификуваше за финалето на Евровизија в сабота во Базел, неколку часа откако демонстрантите се обидоа да ја спречат 24-годишната пејачка Јувал Рафаел да ја испее песната на генералната проба. Шест лица со свирежи и палестински знамиња го попречија нејзиниот настап.

Швајцарската телевизија СРГ ССР, која го организира настанот, рече дека демонстрантите брзо биле исфрлени од Арената Сент Јакобшале.

Ниту една земја од регионот нема да учествува во финалето на Евровизија откако Србија и Црна Гора сношти (15 мај) не се пласираа, а Хрватска и Словенија исто така не се пласираа во финалето по настапот на 13 мај. Босна и Херцеговина го откажа учеството, како и Македонија, трета година по ред.

По второто полуфинале, во финалето се пласираа: Ерменија, Австрија, Данска, Финска, Грција, Израел, Латвија, Литванија, Луксембург и Малта. Тие ќе им се придружат на финалистите од првата полуфинална вечер: Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина. Во финалето автоматски влегуваат земјите на  „големата петорка“: Франција, Германија, Шпанија, Велика Британија и Италија како и минатогодишниот победник, Швајцарија.

Од второто полуфинале беа елиминирани шест земји: Австралија, Чешка, Грузија, Ирска, Црна Гора и Србија.

Ирска, која во историјата на Евровизија заедно со Шведска имаат најмногу победи, вкупно седум, исто така не влезе во финалето, откако лани пејачката Бамби Таг заврши на шестото место. Тој настап многумина го нарекоа сатанистички. Ирска не успеа да се квалификува во осум од нивните последни 10 обиди.

 

Србија ја претставуваше Принц од Врање со песната „Мила“

Фото: Танјуг/АП