Посмртен албум на Принс беше најавен на денот кога тој требаше да го прослави својот 60. роденден.

Албумот со девет песни ќе содржи досега необјавени снимки, вклучувајќи и рани верзии на некои негови хитови, објави компанијата што управува со неговото наследство.

Принс продаде над 100 милиони албуми во текот на кариерата, пред да почине во април 2016 година од прекумерна доза на лекови против болки. Неговото тело беше пронајдено во лифт.

Новиот албум насловен „Принс и микрофон 1983“ ќе содржи снимки од домашно студио, што Принс ги снимил таа година на касета, свирејќи на пијано.

„Овој сиров, интимен материјал од 35 минути, што беше снимен пред тој да стане меѓународна ѕвезда, е сличен на форматот од турнејата „Пијано и микрофон“, со која ја заврши кариерата во 2016 година“, изјави Трој Картер од компанијата „Принс истејт“.

Принс го издаде првиот албум во 1978 година, а глобална суперѕвезда стана во 80-ите години.