Аренби дуото „ДНК“ ја промовираше новата песна со наслов „Чаршија”, во која гостуваат хармоникашот Мишел Трајковски и перкусионистот Бока Конга. Песната потсетува на претходните „Ако утре ме нема“ и „Животе брате“.
„Со авторот Лазар Цветкоски уште еднаш успеавме да направиме нешто што ќе ѝ се допадне на публиката. Очигледно е дека го сака овој звук и навистина ни е драго што е така”, рекоа Панчо и Андреј од „ДНК“.
Видеоспотот е снимен во Старата скопска чаршија и во него се појавуваат поранешната Мис на Македонија Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, диџеите Ајри Скреч и Насти и други.