Националната опера и балет ја отвора својата нова сезона на 16 септември со обновената опера „Лидија од Македонија“ од македонскиот композитор Ристо Аврамовски. Оваа опера во два дела беше создадена во 2001 година по нарачка на тогашниот МНТ.
Режисер е Бугаринот Пламен Карталов, а ќе диригира Иван Еминовиќ. Сценографијата е на Панче Минов, а костимите на Елена Дончева.
Во насловната улога е Наде Талевска-Спасовска, а настапуваат и Игор Дурловски, Драган Ампов, Марјан Николовски, Никола Стојчевски, Васко Здравков, Ана Ројдева-Талевска, Катерина Стојановска, Александра Лазаровска-Василевски, Елена Голомеова, Марика Поповиќ и Соња Пендовска-Мадевска.