НОВИОТ АЛБУМ НА ТЕЈЛОР СВИФТ РУШИ РЕКОРДИ ЕДНА НЕДЕЛА ПО ОБЈАВУВАЊЕТО

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Осмиот албум на Тејлор Свифт, „Фолклор“ кој неочекувано го објави на 24 јули, сруши неколку рекорди на топ листите во првата недела од продажбата.

Таа изјави дека го напишала и снимила албумот додека била во изолација, соработувајќи на дистанца со „некои свои музички херои“. На новиот албум, една од најголемите поп ѕвезди на денешнината ја смени својата музика, давајќи ѝ повеќе инди звук.

На Спотифај, албумот имаше 80.6 милиони стримања за еден ден, што е највисока бројка на женски музичар. Во САД се продадоа 846 илјади копии , и со тоа стана најдобро продаден албум за само седум дена.
„Фолклор“ одлично се пласира и во Велика Британија, Финска, Австралија, Норвешка, Нов Зеланд и во Белгија.

Во Ирска на пример, Свифт пет пати имаше број еден албум, што е повеќе од кој било друг женски музичар, надминувајќи ги Мадона и Бијонсе.