НОВОГРАДСКА ГО ПРОМОВИРА АЛБУМОТ СО МУЗИКАТА ОД „БИКИНИ МУН“ НА МАНЧЕВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Саундтракот за филмот на Милчо Манчевски „Бикини Мун“ вечерва ќе биде промовиран во Младински културен центар во Скопје, со почеток во 20 часот. Музиката ја напиша Игор Василев-Новоградска, а промоцијата на албумот се случува пет години по премиерата на првиот американски филм на Манчевски.

Бикини Мун“, кој беше целосно снимен во Њујорк, ја имаше светската премиера на фестивалот во Сао Пауло во 2017, а потоа во Португалија ја освои специјалната награда на жирито. Беше прикажан и на фестивалите во Сан Хозе (Калифорнија), Белград, Софија, Истанбул, Франкфурт, Нешвил, Њујорк, Шангај, Сарасота и други.

Манчевски и Василев се единствените Македонци во екипата на филмот, во кој главната улога ја игра Кондола Рашад.