Њујоршката филхармонија на 14 февруари ќе свири делови од музиката од филмот „Маестро“, кој беше номиниран за Оскар, за животот на славниот американски композитор и диригент Леонард Бернштајн.
Бредли Купер, ѕвездата и режисерот на филмот, ќе учествува во дискусија по концертот во салата Дејвид Гефен во „Линколн центарот“.
Музичкиот директор на Метрополитен опера, Јаник Незе-Сегуин, кој го обучуваше Купер ќе биде диригент на концертот и ќе се вклучи во разговорот, соопшти оркестарот.
„Маестро“ беше номиниран за седум Оскари, вклучително и за најдобар филм и најдобар актер, за Купер.