„Примитив дред“ (Primitive Dread) од Охрид ќе биде еден од бендовите кои ќе ги придружуваат американските хардкор ѕвезди „Медбол“ (Madball) на европска турнеја.
Првиот заеднички настап ќе го имаат на фестивалот „Rise or Die“ во холандскиот град Херлен на 5 октомври, а следните станици се Чешка, Словачка, Србија, Романија (два концерта), Бугарија и Грција. Покрај „Примитив дред“, дел од оваа турнеја ќе бидат и „Борн фром пеин“ (Born From Pain) од Холандија и „Нести“ (Nasty) од Белгија.
„Примитив дред“ е нов бенд, предводен од фронтменот на „Хардфејсд“ Димитар Савески. Досега има објавено два миниалбума, од кои вториот излезе минатиот месец.
Фото: З. Мише/Фејсбук