ПИН МУЗИЧКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ПРОСЛЕДЕНА СО 50 БЕСПЛАТНИ КОНЦЕРТИ, СВИРКИ ЌЕ ИМА И ВО ТОАЛЕТОТ НА МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Целиот Младински културен центар во Скопје од денеска (30 ноември) до 2 декември ќе се претвори во музички подиум, во рамките на ПИН музичката конференција, која веќе традиционално се одржува во пресрет на фестивалот Таксират.

Најавено е учество на 50 бендови и музичари од цела Европа, од кои повеќето се претставници на поновата генерација. Свирки ќе има не само во Денсинг салата и во фоајето на кино Фросина, туку и во Џебното кино, па дури и во тоалетот на МКЦ.

Денешната музичка програма почнува во 20:45 часот и сите концерти се бесплатни.

Другиот дел на ПИН се панели, на кои ќе се дискутура за најразлични музички теми.

(Фото: З. Икарус/Фејсбук)