Пионерите на трип-хопот „Масив атак“ се враќаат во Македонија по 15 години пауза и ќе настапат во рамките на фестивалот „Скопје колинг“. Како што објави организаторот „Авалон“, овој концерт ќе се одржи на 28 јуни на Стадионот на АРМ во Градски парк.
Англискиот бенд го сними својот прв албум „Blue Lines“ во 1991, кој се смета за почетната точка на трип-хоп жанрот. „Масив атак“ има објавено само пет студиски албуми во 37-годишното постоење, од кои последниот излезе во 2010, но неговата дискографија вклучува и неколку миниалбуми, компилации и албуми со ремикси.
Основата на бендот и денес ја сочинуваат Роберт „3Д“ Дел Наја и Грент „Деди Џи“ Маршал, кои беа меѓу неговите основачи во 1988.
„Масив атак“ го имаше првиот настап во Македонија во 2010, на фестивалот „Скопје гори“ на скопско Кале.
Картите ќе бидат во продажба од среда (5 март), кога ќе бидат објавени и цените.