Во скопската гимназија „Никола Карев“ се одржа концерт на средношколски бендови за кој влезницата беше две пластични шишиња или една батерија.

Настапија пет средношколски бендови: „Волт“, „Алтер Его“, „Пешачки премин“, „Бејсмент калт“ и „4.33“.

Еден од организаторите на концертот Кристијан Поповски изјави дека идејата за влезниците во вид на батерија или пластични шишиња дошла затоа што „ние сме свесни и одговорни за природата во која живееме“.

Иницијативата за настанот е на училишната заедница при „Никола Карев“ и го реализираше во соработка со Агенција за млади и спорт и здружението „Биди зелено“.

Професорката по музичко Емилија Ристановска, која е дел од тимот што го организираше концертот, вели:

„Ние големите сме тука да им помогнеме на младите. Децата супер прифатија и одлично изреагираа“.

Б. НЕСТОРОСКА