Хилдур Гуднадотир стана само втора жена која се закитила со Златен глобус за оригинална музика („Џокер“), додека Елтон Џон и Берни Топин првпат заедно освоија награда по 52 години соработка.

Гуднадотир, класично обучувана челистка од Исланд, направи голем пробив минатата година откако прво освои Еми за најдобра музика за серијата „Чернобил“, што исто така ѝ донесе номинација за Греми.

Таа славеше 19 години по Лиза Џерард, која освои Златен глобус за музиката во „Гладијатор“, заедно со германскиот композитор Ханс Цимер.

Елтон Џон, чија животна приказна беше раскажана во филмот „Рокетмен“, прими Златен глобус за најдобра песна („Повторно ќе се сакам“) и кажа дека тоа му е прва заедничка награда со Топин, кој ги напишал текстовите за најголем дел од неговите песни.

„Ова е првпат да освојувам награда заедно со него. Никогаш не сме освоиле Греми. Никогаш ништо не сме освоиле заедно, освен ова сега и затоа сум многу среќен“, изјави Џон.

Тој има освоено пет Греми награди, а Оскар и Златен глобус заедно со Тим Рајс.

Џон и Топин во „Рокетмен“ се портретирани од Тарон Еџертон и Џејми Бел.