ПОЧИНА ЏОРДИ ВОКЕР, ГИТАРИСТОТ И ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „КИЛИНГ ЏОУК“

Лондон, (Гардијан)

Кевин Џорди Вокер, гитаристот и еден од основачите на култниот британски бенд „Килинг џоук“, почина на 64 години во Прага, два дена откако доживеал силен мозочен удар. Вокер и фронтменот Џез Колмен беа единствените постојани членови на групата од нејзиното основање во 1978 година.

Вокер го запознал Колмен кога тој преку оглас барал гитарист за свој бенд, со што биле поставени основите на „Килинг џоук“, кој по пост-панк почетоците усвои пожесток, индустријал звук. Првиот албум го издадоа во 1980, но комерцијален пробив и успех дојде со албумот „Night Time“ од 1985, на кој се наоѓа и најпрепознатливиот хит на групата „Love Like Blood“.

Вокер сними 15 студиски албуми со „Килинг џоук“, последниот во 2015.

Бендови како „Металика“, „Нирвана“, „Министри“, „Најн инч нејлс“ и „Тул“ го посочуваа „Килинг џоук“ како голема инспирација, а уникатниот стил на свирење на Вокер како многу влијателно.