Ед Ширан е лут откако полицијата ненадејно го прекинала неговиот настап на отворено во Индија на 9 февруари. Пејачот на Инстаграм се осврна на инцидентот во градот Бенгалуру.
„Мислам дека полицаецот повеќе го сака Бруно Марс“, се пошегува Ширан, кој моментално е на светска турнеја.
Еден фан го снимил инцидентот и го поставил на социјалните мрежи. Ширан во тој момент го пеел хитот „Shape of You“, а неговата сцена била едноставна, само микрофон и акустична гитара.
Фановите уживале во настапот кога униформиран службеник отишол до микрофонот на Ширан и го исклучил од струја. Музичарот се обидел да го продолжи својот настап додека двајца мажи интервенирале кај полицаецот, но му бил исклучен микрофонот.
(Фото: Гети)