Гласот на покојната Ејми Вајнхаус може да се слушне на новата песна на продуцентот Салам Реми, кој соработуваше со неа на двата нејзини албуми. Стиховите за песната „Пронајди ја мојата љубов“ ги напиша раперот Нас и таа ќе се најде на новата компилација на Реми, насловена „Направи го тоа“.
Ејми Вајнхаус ја снимила песната додека била во студио со Реми, непосредно пред да почине во 2011 година.
„Да се работи со пријатели е најдобриот дел од тоа кога си креативец. Нас и Ејми беа двајца од моите најблиски креативни партнери и природно беше ова да биде првата песна на новата компилација“, изјави Реми.
„Лавица: скриени богатства“, колекција на необјавени песни и демо снимки на Вајнхаус, се најде на првото место на британската топ-листа по нејзината смрт.