ПРОМОЦИЈА НА ИНКЛУЗИВНАТА ПЕСНА „ГУШ И БАЦ“ НА 7 ДЕКЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Спотот за инклузивната песна „Гуш и бац“, која ја пеат Мијата, Денис Јанкуловски и група деца, ќе се промовира утре (7 декември) од 16 часот во Кинотеката. Денис Јанкуловски-Космонаутко од Центарот за јавно здравје и кантавторката Мијата велат дека песната е химна за пријателството, љубовта и инклузијата.

Песната е дел од кампањата за подигнување на свеста за прифаќањето на различностите и инклузијата на лицата со атипичен развој, а премиерно беше испеана на фестивалот Златно славејче.

Музиката и текстот се на Весна Малинова, а аранжманот на Бојан Димитровски и Наташа Мијат Крстевска, која е и продуцентка на проектот. Во снимањето учествуваа и Стефан Маневски (гитара) и Горан Димитровски (бас), а придружни вокали пеат Димитар Иваноски, Мила Крстевска, Стефан Маневски, Никита Крстевска, Дамјан Иваноски, Лина Маневска и хорот на Златно славејче. Миксот и мастерингот се на Бојан Димитровски и Валентино Скендеровски, аудиоинженер е Ивица Јанкуловски од студиото „Алшар“, а спотот е во продукција на „Мунлајт“.