ПРВИОТ АЛБУМ НА „ХУ“ ПО 13 ГОДИНИ ИЗЛЕГУВА ВО НОЕМВРИ, ОБЈАВЕН ПРВИОТ СИНГЛ

Лондон, (НМЕ)

Легендарните британски рокери „Ху“ ги објавија деталите за својот прв студиски албум по 13 години пауза и тој ќе излезе на 22 ноември.

Едноставно насловен „Ху“, тој содржи 11 песни и од групата велат дека покрива теми како пожарот во кулата Гренфел, спиритуалност и реинкарнација. Преживеаните оригинални членови Роџер Далтри и Пит Таунсхенд на албумот се придружувани од долгогодишниот тапанар Зек Старки.

„Мислам дека ова ни е најдобриот албум од ‘Quadrophenia‘ од 1973 година. Пит не го изгубил чувството, сѐ уште е неверојатен композитор. Албумот нема тема, концепт или приказна, едноставно е комплет од песни“, вели Далтри.

Ху“ е нивниот 12. студиски албум и само втор снимен во овој век. Групата е основата во 1968, но не беше активна од 1983 до 1996 година.