Скопскиот психоделичен рок бенд „Локал блу“ го објави првиот сингл од својот нов албум, што ќе биде објавен во почетокот на следната година.

Насловена „The Mook“, песната е најава на вториот албум на групата, што треба да излезе на 18 јануари, повторно под етикетата на „Пи-Ем-Џи рикордингс“. Триото „Локал блу“ привлече голем интерес со минатогодишното дебитантско издание „Project Blue Beam“.

Во „Локал блу“ членуваат Кристијан Новковски (тапани), Кристијан Савиќ (гитара) и Панде Ефремов (бас гитара).