ПУБЛИКАТА НА НОЗЕ НА ОСКАРОВСКАТА ГАЛА ВЕЧЕР СО ПЕСНИ ОД ФИЛМСКИТЕ ХИТОВИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Најпопуларните светски филмски хитови кои добиле Оскар или биле номинирани за Оскар, сношти (22 февруари) ги испејаа врвни пејачи на втората Оскаровска гала вечер во Македонскиот народен театар (МНТ).

Наде Талевска (Фото: К.Попов)

Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Јасна Димитровска, Дејан Бобиќ- Дексо, Горан Наумовски и Денис Димоски ги следеа Битолскиот камерен оркестар „IWConnect“ и „Полифонија“, а диригираше Владимир Димовски.

Саша Евтимова и Ендрју Кук (Фото: К.Попов)

Настапија и балетските уметници Саша Евтимова и Ендрју Кук и танчарите од клубот „Денсерс јунајтед“.

Музиката најдобро ги оживува спомените за филмовите, а доживувањето е комплетно кога на видеобим одат снимки од омилениот филм. Неверојтно е дека поминале 38 години од хитот „Валканиот танц“ (Dirti Dancing), 29 години од романтичната драма „Нешто сосема лично“ (Up Close and Personal) или 43 години од „Роки 3“ со Сталоне.

Ана Петановска и Горан Наумовски со танчарите од „Денсерс јунајтед“ (Фото: К.Попов)

Низ историјата на филмовите со интересни приказни нѐ водеше Миланка Рашиќ. Секоја песна одлично погодена за секој пејач, а публиката стануваше да им аплаудира на најдобрите. Концертот беше поделен во два дела. Заврши весело, со сите пејачи на сцената и хитот на Џастин Тимерлејк од 2016 „Не можам да го запрам ова чувство“ (Can’t Stop This Feeling).

Јасна Димитровска (Фото: К.Попов)

„Ако ви се допадна концертот, се гледаме на третата Оскаровска гала вечер следната година“, рече на крајот Миланка Рашиќ.

Миланка Рашиќ (Фото: К.Попов)

Настанот се одржa една недела пред 97. оскаровска церемонија во Лос Анџелес на 2 март.

Ана Петановска и Дејан Бобиќ- Дексо (Фото: К.Попов)

М. ЏАРОВСКА

 

Светлана Јовановска (Фото: К.Попов)