РОБИ ВИЛИЈАМС ЌЕ СЕ ОБЕДИНИ СО „ТЕЈК ДЕТ“ ЗА ВЕЧЕРАШНИОТ ОНЛАЈН НАСТАП

Лондон, (Би-Би-Си)

Роби Вилијамс еднократно ќе се обедини со своите колеги од „Тејк дет“ за вечерашниот виртуелен концерт, кој ќе има хуманитарен карактер.

Вилијамс, Гери Барлоу, Марк Овен и Хауард Доналд ќе пеат од своите домови, што ќе биде нивни прв заеднички настап од финалето на „Икс-фактор“ во 2018 година. Сепак, групата нема да биде комплетна, бидејќи од оригиналната постава ќе недостига Џејсон Оринџ, кој целосно се повлече од музичката сцена во 2014.

„Едвај чекам повторно да настапам со дечките, тоа е секогаш задоволство. Ако не можеме да пееме на стадион, ќе го донесеме стадионот кај нас“, изјави Вилијамс.

Тој двапати ја напушти групата, во 1995 година за да почне соло кариера и потоа повторно во 2012.