Поп ѕвездата Роби Вилијамс го најави неговиот прв божиќен албум, „Божиќен подарок“, кој ќе излезе на 22 ноември. Албумот е микс на нови и празнични песни и Вилијамс на него соработуваше со имиња како Брајан Адамс и Род Стјуарт, но и со боксерскиот шампион Тајсон Фјури.

„Исклучително сум возбуден за мојот прв божиќен албум. Во кариерата направив многу и издавањето на овој албум ми е како исполнување на сон. Многу се забавував додека го снимав и едвај чекам сите да го слушнете“, изјави Вилијамс.

„Божиќен подарок“ ќе биде негов 13. албум, а сниман е во Лондон, Лос Анџелес и Ванкувер.