На седми јуни од 21 часот на отворената сцена во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи рок концертот на млади музички таленти насловен „We Will Rock You”.
Со светски рок хитови, ќе настапат учениците од музичкото училиште „Ентерпрајз“ кое го води познатиот музичар и продуцент Валентино Скендеровски.
Концертот е со бесплатен влез, ќе трае 120 минути и ќе се свират 25 кавери на најпознатите рок класици, секоја од различен бенд, и со различни солисти.
„Ентерпрајз“ е првото рок училиште во Македонија, основано во 2002 и како што велат, нивната цел е да открива, да ги инспирира и да ги образува новите генерации на рок и поп музичари. Годишните концерти на младите таленти се нивна долгогодишна традиција, а се одржуваат и предновогодишни концерти во клубовите во Скопје.