На 17 мај во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица, Каролина Гочева ќе одржи концерт со репертоар со најголемите хитови, објави „Авалон“. Поп-ѕвездата одржа серија концерти низ Македонија, во клубови и во домови на култура, која започна на 1 март во Скопје.
„Последниве години повеќе пораки добивам на 1 март отколку на мојот роденден“, рече Каролина на почетокот на скопскиот концерт, алудирајќи на нејзиниот хит „Први март“.
Од „Авалон“ објавија дека концертот во Велес, кој ќе се одржи на 27 април во театарот „Џинот“, е распродаден.