„Шок труперс“, еден од најпопуларните македонски андерграунд бендови, вечерва со концерт во Младински културен центар (21 часот) ќе го промовира својот нов албум „Глуво доба“. Тој беше издаден пред еден месец под етикетата на „Дајхард рекордс“ и засега може да се купи само на плоча.

Основани во 2007 година, „Шок труперс“ го опишуваат својот звук како мешавина на краст, грајндкор, хардкор и метал и важат за еден од најенергичните бендови на домашната музичка сцена. Вечерашниот концерт е и своевидна најава за нивната прва европска турнеја, што ќе почне кон крајот на овој месец.

Гости на концертот ќе бидат скопските бендови „Редјусд то ешс“ и „Гаргојлс“.