Тенорот Акилес Мачадо во пијано придружба на Андреја Наунов ќе настапи вечерва (25 јули) на традиционалната Шпанска вечер на Охридско лето. Концертот ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ од 21 часот.
Мачадо е роден во Венецуела и студирал на конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. Откако се преселил во Шпанија, студирал на Високата школа за музика „Кралица Софија“. Во 1996 дебитирал на оперската сцена во Каракас со „Љубовен напиток“, а истата година го имал и европското деби во „Магбет“ во театарот на Канарските Острови.
На програмата се дела од Карлос Лопес Бучардо, Алберто Гинастера, Модеста Бор и Антонио Естевес.
(Фото: М. Мигуез)