ШВАЈЦАРСКО РАП ДУО СНИМИ СПОТ ВО ВЕЛЕШКАТА КОСТУРНИЦА, ЗА ТРИ ДЕНА ПРЕГЛЕДАНО 4,7 МИЛИОНИ ПАТИ НА ЈУТЈУБ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Швајцарското рап дуо Лоредана и Мозик го сними спотот за својата нова песна во велешката спомен-костурница.

Видеото за песната „Ромео и Јулија“ е прегледано повеќе од 4,7 милиони пати на Јутјуб, откако беше објавено на 31 јануари.

Лоредана Зафи беше ѕвезда на Инстаграм пред да почне музичка кариера минатата година и првиот нејзин сингл собра 13 милиони прегледи и 200.000 лајкови на Јутјуб во првите две недели. „Ромео и Јулија“ ѝ е втора соработка со нејзиното момче Мозик, кој потекнува од Косово.

П. ПЕЧКОВ