СИНОВИТЕ НА БОБ МАРЛИ ПРЕРАБОТИЈА НЕГОВА ПЕСНА ЗА 75. РОДЕНДЕН

Кингстон, (Си-Ен-Ен)

Јамајка и голем број земји низ светот на 6 февруари ќе го слават 75. роденден на реге-иконата Боб Марли. Тој почина во 1981 на 36 години. Неговото семејство, синовите: Зиги, Стефан, Ки-Мани, Џулијан и Демијан планираат повеќе активности за да го одбележат големиот јубилеј.

Зиги, кој живее во Калифронија, за „Јамајка обсервер“ неодамна најави дека планираат да се издаде фотокнига, со некои необјавени фотографии од нивниот семеен албум.

„Додека разговаравме со Стив (Стефан) во студиото, си рековме па зошто да не објавиме песна во чест на нашиот татко“, рече Зиги. Одлучиле да направат модерна верзија на една од неговите песни „Cornerstone“, која не е толку популарна, но како што вели, има голема симболика за неговиот татко, бидејќи ја напишал во тежок период.

„Одлучивме да ѝ дадеме навистина модерен призвук“, вели тој.