СКОПЈЕ ОВА ЛЕТО ЌЕ ГО ДОБИЕ СВОЈОТ ПРВ МЕТАЛ ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопје ова лето би требало да го добие својот прв фестивал посветен на метал музиката. Во организација на „Терорвоид“, засега се познати времето и местото на неговото одржување: стадионот на АРМ во Градски парк на 13 септември.

Скопје фјури“ (Skopje Fury) на своето прво издание ќе има шест учесници, чии имиња допрва ќе бидат објавени.

Сметаме дека е дојдено време Скопје да добие метал фестивал на отворено, кој се надеваме со тек на времето ќе прерасне во регионален годишен собир на вљубеници во екстремната музика“, велат од „Терорвоид“, најангажираниот промотор на метал музиката во Македонија.

За разлика од Скопје, во Битола веќе некое време се одржува метал фестивалот „Метал дисчарџ“, кој лани за првпат траеше два дена.

Г. КОНЕВ