СКОПСКИ МКЦ СТАНА ДЕЛ ОД МРЕЖАТА НА НАЈРЕНОМИРАНИ КОНЦЕРТНИ САЛИ ВО ЕВРОПА, ЛАЈВЈУРОП

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младински културен центар во Скопје стана член на мрежата на најреномирани концертни сали во Европа, Лајвјуроп (Liveurope), што ја сочинуваат повеќе од 20 сали кои се од огромна важност за функционирањето на европската музичка индустрија. Од регионот, дел од Лајвјуроп досега беше само културниот центар „Кино шишка“ од Љубљана, а сега се приклучуваат и „Мочвара“ од Загреб и „Принспипал“ од Солун.

Воспоставена во 2014, Лајвјуроп е своевиден сертификат за квалитет, што се доделува на концертни сали што посветено работат на претставувањето на европската музичка разновидностЛајвјуроп им нуди и финансиска поддршка на концертните сали што се дел од платформата доколку промовираат нови европски артисти.

„МКЦ со нескриена гордост ќе го носи овој знак за квалитет, кој ќе даде уште поголем придонес кон збогатувањето на нашата програмска понуда и идни активности. Веќе се во план неколку настани во текот на летниот период, кои ќе бидат дел од оваа иницијатива“, велат од МКЦ.