СКОПСКИ ОСНОВЦИ ОД МАНДОЛИНСКИ ОРКЕСТАР СНИМИЈА НОВА ВЕРЗИЈА НА „МОЛИТВА“ ОД ВИОЛЕТА ТОМОВСКА СО БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Мандолинскиот оркестар на скопското основно училиште „Григор Прличев“ заедно со Бојана Скендеровски сними нова верзија на песната „Молитва“, најголемиот хит на Виолета Томовска. Автор на „Молитва“ е Миле Барбаровски, а песната во нов аранжман ќе се промовира на концертот „Македонија, во срце те носиме“, што ќе се одржи на 7 декември во Филхармонијата.

На концертот ќе се пеат преработки на 12 македонски народни песни во придружба на симфониски оркестар. Настапуваат Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, „ДНК“, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски. Диригент е Сашо Татарчевски.

Организаторот „Скендеровски продукција“ кажа дека парите од продажбата на билетите ќе одат во хуманитарни цели. Водител ќе биде актерот Дејан Лилиќ.