„СМАТ“ СЕ ВРАТИ СО НОВА ПЕСНА ПО РЕЧИСИ ЕДНА ГОДИНА ПАУЗА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Смат“, еден од водечките бендови на македонската хард кор/метал сцена, се врати со нова песна по речиси една година пауза. Групата денеска на Јутјуб објави текстуално видео за својата нова песна насловена „Успех нема да ти простат“.

Засега нема најава за нов албум, што фановите го чекаат од 2018 година. „Смат“ повремено настапува во Македонија и објавува нови синглови откако пејачот Ѓорѓи Иловски замина во странство.

Успех нема да ти простат“ е првата нова песна на „Смат“ од излегувањето на „Ветувам нема да молчам“ во ноември 2023.

(Фото: Фејсбук)