СРПСКИТЕ РЕГЕ ЛЕГЕНДИ „ДЕЛ АРНО БЕНД“ ЌЕ ГОСТУВААТ ВО СКОПЈЕ ВО МАЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопскиот концерт на легендарната српска реге група „Дел Арно бенд“ е одложен за мај, објави „Пасворд продукција“. Концертот требаше да се одржи овој месец во Младински културен центар, но новиот термин е 30 мај.

Од „Пасворд“ кажаа дека концертот е одложен од здравствени причини. Гостувањето на „Дел Арно бенд“ во Скопје се совпаѓа со 80-годишнината од раѓањето на Боб Марли.

Основан во 1986, „Дел Арно“ се смета за најдолговечниот реге бенд во поранешна Југославија. Досега има објавено пет студиски албуми.

(Фото: Фејсбук)