СВЕЖА ДОМАШНА МУЗИКА ВЕЧЕРВА НА ОСМОТО ИЗДАНИЕ НА „ЗЕМЈОТРЕС“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Свежа домашна музика ќе се промовира вечерва во Младински културен центар, на осмото издание на фестивалот „Земјотрес“.

Дваесет и две имиња од најразлични музички стилови се најавени во програмата, која ќе трае осум часа и ќе се одржува на три бини (Денсинг сала, бифето на Фросина и техно стејџ).

Фестивалот го отвора групата „Филч“ во 20 часот и потоа бендовите и соло изведувачите ќе се менуваат на секои 20 минути, додека диџеите ќе имаат настапи од по еден час.

На трите бини ќе можат да се слушнат исклучиво домашни музички имиња, што ги вклучува и „Ласт експедишн“, „Флукс“, „Сетстет“, Сашко Костов и „Шок труперс“.