ТАКСИРАТ СЕ ЗАТВОРА СО ОСУМЧАСОВНА ЗАБАВА ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со осумчасовна музичка забава во „Борис Трајковски“, вечерва финишира 20. издание на фестивалот Таксират, кое се одбележуваше преку цела година.

Десет познати музички имиња ќе настапат на две бини во арената „Борис Трајковски“, која за потребите на фестивалот ќе биде целосно трансформирана. Ќе има и трета бина, наречена „Сајлент диско“, на која ќе настапуваат диџеи.

Почнувајќи од 20 часот, на главната бина ќе се изменуваат „Културно-уметнички работници“, „Смат“, „Терапи?“, „Мандо дијао“, „Нувел ваг“, „Дубиоза колектив“ и „Пендулум“, чиј настап е закажан за два часот по полноќ.

Вториот стејџ стартува во 22 часот. Резервиран за хип хоп, таму ќе настапат „САФ саунд систем“, 54-годишниот американски битбоксер и рапер Рахзел и „ТДФУ“.

Вратите на салата се отвораат во 19 часот.