Со концертите на Трондхајм џез оркестар и на Триото на Давид Хелбокс  вечерва  се отвора 36. Скопски џез фестивал (СЏФ).

Концертите се во Македонската опера и балет (МОБ)  во 20 часот, а прво настапува триото на австрискиот пијанист Хелбокс, во кое свират и Рафаел Пројшл на бас укулеле и тапанарот Рајнол Шомулцер.

Вториот концерт е на Трондхајм џез оркестар, еден од најважните и најкреативни џез состави во Европа. Со оркестарот ќе свири Оле Мортен Ваган, еден од најбараните норвешки басисти и композитори.

СЏФ трае до 22 октомври.