ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА ЏО КОКЕР Е ПРВИОТ НАСТАН ОД КОТОН БЛУЗ ФЕСТИВАЛ ЗА ОВАА ГОДИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Котон блуз фестивал ја најави својата прва содржина за оваа година, во која ќе го одбележи првиот мал јубилеј – пет години од основањето.

Годинашната програма почнува со вечер посветена на Џо Кокер, што ќе се одржи на 8 мај во скопскиот клуб „Маракана“. Во улогата на легендарниот пејач ќе биде Петар Исиров, познат по настапите во скопските кафулиња и чиј глас многу потсетува на Кокер, велат организаторите. Исиров ќе настапи во придружба на негов бенд.

Од Котон блуз фестивал велат дека планираат повеќе настани оваа година, а самиот фестивал ќе се одржи на крајот на годината и би требало да има две вечери.

(Фото: Фејсбук/М. Аргакијева)