ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ЕВРОВИЗИЈА ВО МАЛМЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОДМОРИ ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Со првото полуфинале, вечерва од 21 часот во Малме започнува 68. Избор за песна на Евровизија. Македонија не учествува втора година по ред, а за пласман во финалето се борат 15 земји. Од земјите од регионот, втора по ред настапува Србија, а седма Хрватска.                                                       

Од членките на големата петорка ќе се претстават Велика Британија и Германија, како и домаќинот Шведска. В четврток е второто полуфинале, а финалната вечер е в сабота.

Шведска седум пати беше домаќин на Евровизија, од кои трипати во Малме.