Триото на Влатко Стефановски на 5 август ќе одржи концерт на Антички театар во Охрид. Виртуозот на гитара ќе настапи со басистот Иван Кукиќ и тапанарот Јан Стефановски. Концертот во Охрид следи по минитурнејата во Хрватска и Словенија.
Покрај добро познатите композиции на Стефановски, публиката ќе го слушне и материјалот од најновиот албум „Тафталиџе шафл“, кој излезе минатата година.
„Се радувам што повторно ќе се дружиме со македонската публика. Време е да се вратиме на старите задоволства“, вели Стефановски во пресрет на охридскиот концерт.
Концертот е во организација на „Баги комуникации“. Билетите се во ограничен број.