Поп-пејачите Александар Тарабунов и Димитар Андоновски снимија заедничка песна насловена „Ќе преживеам“.
Идејата за дуетот доаѓа по долгогодишните соработка и пријателство и е остварување на нашите дамнешни планови, но и најава за она што ќе следува од нас, велат тие.
„Песната се создаде спонтано, додека лежев на плажа. Добив идеја за еден дел, потоа седнавме со Диме и буквално во еден ден идејата се претвори во музика и текст. Велат, кога нешто што ќе го направиш ти се допаѓа, значи дека е добро, а нам песнава ни се допаѓа“, рече Тарабунов на промоцијата во Скопје.
За песната е снимен и спот, кој го режираше Владислав Гавриловски.
Отсега, Тарабунов и Андоновски ќе соработуваат со „77 ентертејмент“, нова продукција која ќе работи со повеќе македонски пејачи.