ЗАЕДНИЧКА СВИРКА НА СИНОВИТЕ НА ЏОН ЛЕНОН И ПОЛ МАКАРТНИ

Лондон, (Индипендент)

Синовите на Џон Ленон и Пол Макартни, Шон Оно и Џејмс, на Инстаграм објавија заедничко селфи и ги изненадија фановите на „Битлс“.

Познато е нивното долгогодишно пријателство, а фотографијата е снимена за време на заедничка свирка.

Четирисет и двегодишниот Шон, син на Џон Ленон и Јоко Оно, има и филмска и музичка кариера, три соло албуми, а соработувал и со имиња како Алберт Хамонд и Лана дел Реј.

Две години помладиот Макартни, пак, работел на повеќе соло албуми на неговите родители Пол и Линда и самиот објавил четири албуми.

Според коментарите на фановите на Инстаграм, тие се надеваат на музичка соработка на синовите на легендарните музичари.