ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ НА ИБРАХИМИ, МИРКОВСКИ, ДАУТОВСКИ И ИСМАИЛИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 10 декември, во малата сала на Филхармонијата ќе се одржи предновогодишен концерт на кој ќе настапат четворица домашни музичари, објави „Баги комуникации“. На гитара е Мухамед Ибрахими (фото), пијано ќе свири Бобан Мирковски, на перкусии е Ратко Даутовски, а на виолончело Фјола Исмаили. 

Овој спој на музичари е ретка можност за сите љубители на музиката да доживеат хармонија што инспирира и разбудува емоции“, велат организаторите.

Билетите се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.

Фото: К. Попов